ОБезност
Едукација
Менаџмент
Мулти-дисциплинарен пристап, инволвирање на системи.

За Нас
Научното здружение за обезност - ОБЕМ Скопје е самостојна, независна и невладина организација, во кое доброволно се вклучени стручни лица како ендокринолози, кардиолози, гастрохепатолози, нутриционисти, хирурзи од областа на баријатричната хирургија, психолози, психиатри, лекари од семејна медицина, како и профили од сродни научни и стручни дејности за унапредуваше на научната мисла во обезноста.

Нашата Екипа

Доц. Д-р Ирфан Ахмети
Претседател
Е актуелен директор на УК за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, Скопје. Потпретседател е на Научното здружение на Ендокринолози и дијабетолози на Македонија. Доктор е по медицински науки од полето на ендокринологија – дијабетологија.

Проф. Д-р. Татјана Миленковиќ
Претседател на Научен Комитет
Татјана Миленковиќ е професор по интерна медицина на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Медицински факултет во Скопје, Македонија. Работи на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички болести од 1985 година. Претседател на НЗЕДМ

Доц. Д-р Танер Хасан
Потпретседател
Поранешен медицински директор на УК за за Ендокринологија, Дијабетес и метаболични нарушувања во Скопје. Студиите на медицинскиот факултет „Хаџитепе“ во Анкара ги завршува бо 1999та година.

Вонреден професор д-р
Саша Јовсновска Мишевска
Член
Саша Јовановска Мишевска е специјалист по интерна медицина, супспецијалист по ендокринологија и до 2023 била медицински директор на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања во Скопје. Од 2017 година има докторат во областа на ендокринологијата и моментално е вонреден професор по интерна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје.

Асс. Д-р. Билјана Тодорова
Генерален секретар
Асс. Д-р. Билјана Тодорова е интернист- ендокринолог, вработена на ЈЗУ Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања во Скопје од 2009 година. Специјалист интернист е од 2014 година. Од 2021 година е супспецијалист, ендокринолог.

Вонреден Проф. Д-р
Искра Битоска
Член
Вонреден професор д-р Искра Битоска е интернист-ендокринолог, вработена во ЈЗУ Клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболни нарушувања во Скопје од 2001 година.

